fbpx

Борис Џонсон победи со огромно мнозинство и вети конечен излез од ЕУ на 31 јануари

-

Со 364 освоени места во парламент, Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон освои огромно мнозинство на вчерашните избори, предизвикувајќи изненадување со 47 места повеќе отколку на претходните избори. Лабуристите освоија 203 места, односно 59 помалку отколку на претходните избори, со што е речиси сосема сигурно дека Велика Британија ќе излезе од ЕУ на почетокот на следната година.

Изборниот резултат на Конзервативците, кои цврсто се залагаат за брегзит е најдобар од 1980-тите, додека поразот за Лабуристите, кои лобираа за втор референдум за излегување од ЕУ, во надеж дека мнозинството ќе се реши да остане во ЕУ, е најлошиот уште од 1930-тите.

Џонсон рано утрово прогласувајќи победа рече оти конзервативците имаат „моќен нов мандат за да го завршат брегзитот“ и вети излегување од ЕУ најдоцна до 31 јануари следната година „без ако, но или можеби“.

– Ќе работам дење и ноќе за да ја оправдам довербата на гласачите. Го постигнавме тоа што го сакаме, ова е нова зора за земјата – рече Џонсон, повторувајќи дел од зборовите употребени од Тони Блер кога ја освои власта во 1997 година.

Претседателот на Лабуристичката партија, Џереми Корбин, вети дека ќе си даде оставка пред следните избори. Либерал-демократите, кои исто така лобираа за поништување на брегзитот, исто така остварија многу лоши резултати, при што и нивната претседателка Џо Свинсон го загуби своето досегашно пратеничко место.

На вчерашните избори одлично помина и Шкотската национална партија, која е цврст поборник за останување во ЕУ. Тие освоија 48 места од 59-те во шкотскиот парламент, односно 13 пратеници повеќе од досега.

-Шкотска испрати многу јасна порака… Не сакаме да излеземе од ЕУ. Имам мандат да ѝ дадам на Шкотска избор за алтернативна иднина – рече претседателката на партијата Никола Стерџен, алудирајќи на нејзиниот план за втор референдум за независност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Мал одѕив на претседателските избори во општините со мнозинство албански гласачи

Големи разлики се гледаат во одѕивот на граѓаните во некои општини на парламентарните и претседателските избори денеска. Во Изборната едница 6, но и во другите општини каде што доминира...