fbpx

ЗНМ на медиумска конференција на Советот на Европа во Љубљана

-

Регистарот на професионални онлајн медиуми кој Здружението на новинарите на Македонија и Советот за етика во медиумите на Македонија ќе го промовираат овој месец, наиде на голем интерес и поддршка од новинарите и медиумските професионалци, присутни на конференцијата на Советот на Европа „Последен повик за квалитетно новинарство“, која се одржа на 28 и 29 ноември во Љубљана, информираат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

На конференцијата чиј домаќин беше Министерството за култура на Република Словенија, учествуваа 150 новинари, медиумски експерти, членови на новинарски асоцијации, регулаторни и саморегулаторни тела од 40-на држави членки на најстарата европска организација, меѓу кои и претставник на ЗНМ.

„Медиумската писменост, вештачката интелигенција и нејзината примена во медиумите, регулаторните и саморегулаторните практики во медиумската сфера во европските земји, на конференцијата беа разгледувани во духот на нужноста од квалитетно новинарство, кое е единствениот одговор против лажните вести, дезинформациите, пропагандата, говорот на омраза, политичката манипулација со медиумските содржини, кои се повеќе или помалку присутни во медиумите ширум Европа, особено во онлајн сферата“, информираат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

Според учесниците на конференцијата, квалитетното новинарство е загрозено не само во државите на истокот на Европа, каде што авторитарните тенденции се дел од историското наследство, туку и во старите земји членки на Европската Унија, па дури и во колевката на демократијата Велика Британија, каде што под влијание на растечкиот популизам се забележува опаѓање на професионалните новинарски стандарди.

„Регистарот на професионални онлајн медиуми што го подготвуваат ЗНМ и СЕММ со поддршка на Стопанската комора на Македонија, беше посебно истакнат како редок пример на саморегулаторен механизам, кој треба да се следи и да се примени и во другите европски земји за да го помогне квалитетното професионално новинарство.Претставници на Советот на Европа на конференцијата изразија интерес и за концептот на финансиска поддршка на печатените медиуми од државниот буџет кој по иницијатива на ЗНМ веќе втора година се практикува во Македонија“, додаваат од ЗНМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...