fbpx

Заев: Иницијативата за предвремена ратификација на протоколот за НАТО е политиканство

-

Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремена ратификација на протоколот за НАТО е политиканство, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ќе ја прифати иницијативата на опозициската партија кои вчера ја поднесоа до Собранието, кое пак ја препрати до Владата.

Тој праша каде биле ВМРО-ДПМНЕ кога од нив се бараше да ја поддржат власта кога се отвораше патот до НАТО.

„Тие станаа од пратеничките клупи, и на нивните сопартијци им стоеја над глава кога се носеше одлука за измена на Уставот. Не треба да брзаме, има протокол и ќе ја почекаме Шпанија“, рече Заев.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“, вчера од Собранието поднесе иницијатива до Владата, со барање во најскоро можно време до Собранието да го достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО).

„Ваквата постапка е пракса која што во Северно-атланската Алијанса е воведена при зачленувањето на Црна Гора во НАТО. Тогаш во април 2017 година, Парламентот во Подгорица предвремено ги ратификуваше овие документи, а ратификацијата на протоколот за пристапување на Црна гора во НАТО од страна на Холандија и Шпанија се случи еден месец подоцна во мај 2017 година“, објасни координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Една година од пожарот на мостот „Беласица“ – кривична пријава против 37-годишен скопјанец

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 37-годишниот скопјанец И.Х. кој е осомничен дека го предизвикал пожарот на мостот „Беласица“ пред точно една година. Како што соопштија од Одделението за крвни...