fbpx

На скала од 1 до 9, ризикот од корупција при државни вработувања е 9

-

Веројатноста за корупција при вработување во јавниот сектор е безмалку гарантирана, покажува анализата на Државната комисија за спречување корупција за ризикот од корупција во овој процес. Анализата утврдила 33 критични точки, групирани во 12 предизвици, поради сегашната правна рамка, поради човечкиот фактор и процесот на вработување и поради надворешни влијанија во процесот на вработување во јавниот сектор. Антикорупционерите во анализата под терминот „вработувања во јавниот сектор“ ги вклучиле и именувањата во управни и надзорни одбори во јавниот сектор, „чија непосредна последица е квалитетот на управување со односните институции“.

„Од анализата на ризикот произлегува дека вработувањата во јавниот сектор претставуваат ризик за корупција најмногу заради политичкото влијание и постојната поставеност на правната рамка која овозможува легално вработување на „пожелни“ наместо на најдобри кандидати,“ заклучила ДКСК.

Најчести форми на корупција кои се јавуваат при вработувањата во јавниот сектор , според ДКСК, се злоупотреба на службената позиција, непотизам, кронизам, тргување со политичко влијание и поткуп.

Со денешните закони, постапки за вработување, дискрециски овластувања на раководните кадри, политичкото влијание, недостатокот на контролни механизми и на реална одговорност, но и на низа други фактори, ДКСК утврдила 33 критични точки во процесот на вработување во јавниот сектор.

„Веројатноста критичните точки при вработувањата во јавниот сектор да „произведат“ корупција е висока – оцена 3 (од 3).  Влијанието што овој ризик од корупција може да го има е големо – оцена 3 (од 3), зашто вработувањата се вршат во сите јавни институции на ниво на централната и локалната власт, се протегаат низ сите владини ресори и директно ја определуваат успешноста на креирањето и спроведувањето на владините политики. Во оваа област има интеракција помеѓу јавниот сектор и граѓаните, заради што областа е значајна за целото општество, а воедно се одразува и на етичките вредности во општеството, посебно во однос на целисходноста од стекнување на добро образование и компетенции и нивната корисност во македонското општество.Комбинацијата на висока веројатност и големо влијание на ризикот даваатØ највисока општа оценка (3х3=9) на закана од корупција“ – вели пресметката на ризикот, под која стои заклучокот: „Вработувањата во јавниот сектор претставуваат многу силен ризик од корупција.“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...