fbpx

Владата го утврди Предлог – законот за стратешки инвестиции за проекти од јавен интерес

-

Владата на вчерашната седница го утврдила Предлог – законот за стратешки инвестиции за проекти од јавен интерес, што е во согласност со регулативата на ЕУ за вакви инвестиции, информираат од владината прес – служба.

„Во текстот што го предлага Владата за стратешки инвестициски проекти ќе се сметаат проекти со кои се врши реализација на инвестиција во висина од најмалку 100 милиони евра на територија на Република Северна Македонија, најмалку 50 милиони евра во општините со седиште во град, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, и најмалку 30 милиони евра во општини со седиште во село“, се наведува во владиното соопштение.

На предлог на владата, предложените стратешки инвестиции ќе ги усвојува собранието. Станува збор за проекти од областа на енергетиката со инфраструктура, транспорт и телекомуникации, туризам, преработувачка индустрија, земјоделство, шумарство и водостопанство, прехранбена индустрија, здравство, индустриски и технолошки паркови, управување со отпадни води и отпад, информатичко – технолошки зони, спорт, наука и образование, како и за градење на големи мултифункционални градежни комплекси на градежни објекти кои имаат во својот состав повеќе од една од наведените области.

Од владата велат дека овој закон има за цел поттикнување, привлекување и создавање услови за спроведување на стратешки инвестиции во земјата, зголемување на економскиот раст, вработување и примена на нови технологии и иновации, зголемување на конкурентските економски можности и на извозот, како и подобрување на добросостојбата и условите за живеење на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одѕивот на гласачите до 9 часот најмал во општините во Изборната едница 6

Одѕивот на гласачите на парламентарните избори до 9 часот бил 4, 45 отсто, додека на претседателските избори 4,17 отсто. Според податоците на Државната изборна комисија, најмалата излезност за парламентарните...