fbpx

ОЈО: Завршена истражната постапка за осомничените во „Рекет“

-

По севкупната анализа на прибраните материјални и вербални докази, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција што постапува во предметот познат во јавноста како „Рекет“, ја заврши истражната постапка за осомничените лица, известија од обвинителството.

Од денеска тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да предлага докази во корист на осомничените.

Воедно, обвинителството укажува дека давањето исказ на осомничено лице не е процесно дејствие, што подразбира дека одбрана, односно исказ, може да се даде и во законскиот утврдениот рок кога се врши увид во доказите.

Во текот на утрешниот ден е повикано третоосомниченото лице, кое воедно ќе биде информирано и за завршување на истражната постапка.

Првоосомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски денеска беше повикан да даде исказ во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, но тој не даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска, бидејќи не му било овозможено да ги види сите докази против него.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Можеме ли да слушнеме што мислат другите

Салата во Берлинската филхармонија таа вечер беше исполнета речиси до последното место. Беа присутни луѓе од сите генерации, средовечни, млади, тинејџери, беа во групи, во двојки или сами, но...