fbpx

Градежништвото со севкупен позитивен пораст во август

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2019 година биле издадени 284 одобренија за градење, што е за 2,9 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

-

Расте бројот на издадени одобренија за градење, на предвидената вредност на идните објекти, но и на бројката на станови што допрва ќе се градат. Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2019 година биле издадени 284 одобренија за градење, што е за 2,9 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.735.790 илјади денари, што е за 1,4 отсто повеќе во однос на идентичниот период лани.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 180 (63,4 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 40 (14,1 отсто) за објекти од нискоградба и 64 (22,5 отсто) за објекти за реконструкција. Од вкупно 284 објекти, на 189 (66,6 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 95 (33,4 отсто) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во јули е забележан и позабелителен раст на издадените одобренија за градење на нови станови. Во извештајниот период е предвидена изградба на 1.184 станови, со вкупна корисна површина од 80.512 метри квадратни. Споредено со јули 2018 година, индексот кај предвидениот број на станови се зголемил за дури 82,7 отсто, додека нивната корисна површина пораснала за 51,2 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...