Општина Центар го затрупа градилиштето на „9 Мај“, инвеститорот не градел според одобрение

Надлежните интервенирале на спорното градилиште на улицата „9 Мај“ и започнале со затрупување на градежната јама и враќање на локацијата во првобитна состојба, каде инвеститорот градел надвор од издаденото одобрение за градење, информираа од Општина Центар

-

Градежен инспектор, припадници на МВР, претставници од Општина Центар, со градежна механизација, утринава интервенирале на спорното градилиште на улицата „9 Мај“ и започнале со затрупување на градежната јама и враќање на локацијата во првобитна состојба, каде инвеститорот градел надвор од издаденото одобрение за градење, информираа од Општина Центар.

Градежната инспекција претходно го затворила градилиштето, а во март годинава одговорните биле санкционирани од општината со казни од 12.500 евра.

„Пред неколку месеци настана проблем од страна на инвеститорот ‘Бинјапи Инжинеринг’, фирмата која што го има одобрението за градба. Јамата не беше целосно обезбедена според даденото решение, односно зградите не беа целосно заштитени од страна на инвеститорот. Не беа поставени оние тн. ‘шипови’ кои што се за заштита на целото околно земјиште, вклучувајќи ја улицата и зградите. Наместо -1, направени се -2 спрата. Нашите инспектори и тогаш постапија, ставија жолта лента, беше стопирана градбата, но самиот инвеститор продолжи со градба. Ние како општина по извесен период постапуваме на терен, односно по пишаното решение од градежниот инспектор за враќање на првобитноста на самото земјиште. Истото денеска го спроведуваме, односно го враќаме земјиштето во првобитна состојба“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Инспекцијата, според него, утврдила дека инвеститорот постапувал спротивно од издаденото одобрение за градење. Инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“ бил обврзан да постави армирано бетонски колови, тн. шипови, за обезбедување на јамата, кои тој не ги извел и со тоа постапил спротивно на одобрението за градење. По ова, согласно Законот за градење, инспекцијата изготвила решение за враќање на локацијата во првобитна состојба, со што трошокот за извршувањето на решението ќе се фактурира на инвеститорот и тој е обврзан да ја врати улицата во првобитна состојба.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...