fbpx

Германската градежна индустрија е загрозена од бран банкротства

Со дополнителен пад на изградбата на станови, следната година може да очекуваме бран банкротства и губење на околу 100.000 работни места, изјави претседателот на здружението на градежната индустрија Волфганг Шуберт-Раб

-

Загубите на работни места во германската станбена индустрија се закануваат да предизвикаат бран банкроти и загуба на многу работни места, предупредија претставниците на индустријата и синдикатите, барајќи конкретни чекори од политичарите, пренесе германската новинска агенција ДПА.

„Со дополнителен пад на изградбата на станови, следната година може да очекуваме бран банкротства и губење на околу 100.000 работни места“, изјави претседателот на здружението на градежната индустрија Волфганг Шуберт-Раб.

Тој вели дека изградбата на околу 77.000 станови е одобрена до септември, што е помалку отколку во првите осум месеци од минатата година. Дополнително, постои тренд на откажување на веќе нарачани проекти.

Градежниците сега се дополнително загрижени за новоотворената „дупка“ во германските јавни финансии, изјавил Шуберт-Раб, барајќи од владата да им ги претстави на градежниците рамковните услови за бизнис во наредните години.

Пресудата на Уставниот суд за незаконско пренасочување пари во државните фондови отворил дефицит од 60 милијарди евра во предлог-буџетот за 2024 година, неколку дена пред истиот да се затвори.

Градежниците стравуваат дека тоа може да влијае на нивните субвенции и дека на долг рок може да го урне целиот сектор.

Синдикатот бара „вонреден фонд“ од 50 милијарди евра за изградба на социјални станови, со уште 22 милијарди за финансирање на поволни станови за оние со просечна заработувачка.

Германската станбена изградба е во рецесија пред сè поради комбинацијата на зголемени трошоци за изградба и поскапите кредити. Сето ова драстично ги зголеми трошоците за изградба, па граѓаните не само што тешко се одлучуваат за инвестиции, туку и откажуваат проекти, соопштува ДПА.

Вчера, една недела по пресудата на Уставниот суд кој отвори дефицит од десетици милијарди евра во нацрт-јавните финансии за следната година, германската влада објави дека го одложува гласањето во Бундестагот за буџетот.

„Нашата цел е да го договориме буџетот брзо, но со потребното внимание за безбедно планирање“, објавија шефовите на парламентарните клубови на социјалдемократите (СПД), Зелените и либералната ФДП, трите партии на владината коалиција.

Тие, според ДПА, не известиле дали буџетот ќе биде склучен и одобрен до крајот на годинава, а според коалиционите политичари, тоа е малку веројатно.

Без буџет, од 1 јануари 2024 година, државата ќе мора да премине на вонредно финансирање, да ја одржува администрацијата и да ги исполнува законските обврски. Во тој случај, Министерството за финансии има право да троши одреден процент месечно согласно предлог-буџетот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...