fbpx

Македонскиот јазик не е избришан од Гугл

Гугл, исто така, ја користи и локацијата на корисникот од којашто тој пребарува за да му помогне да одреди на кој јазик да ги презентира резултатите

-

Во пребарувачот Гугл корисниците можат и да пребаруваат на македонски јазик и да добиваат содржини на македонски јазик, а исто така, не е воведена некаква рестрикција со којашто тој се ограничува. Дополнително, на страницата за помош на Гугл, опишани се бројни начини, односно критериуми, според кои пребарувачот, односно неговиот алгоритам одлучува кои резултати ќе ги презентира на корисникот, а еден од нив е географската локација. И, покрај географската локација, корисникот може да одлучи и да одбере (да нагоди) резултатите да му се појавуваат на македонски или на кој било друг јазик, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Македонскиот јазик е избришан од Гугл, кој е на власт последните 32 години.

Во коментар под објавата се дообјаснува дека „кога пишувате на македонски јазик во пребарувачот, излегува бугарски текст“.

Но, објавата е невистинита. Македонскиот јазик не е избришан од Гугл. Како што наведуваат на страницата на пребарувачот во одделот за помош, на прашањето како Гугл одредува на кој јазик ќе се прикажуваат резултатите од пребарувањето, пишува:

Кога пребарувате на Гугл може да добиете резултати на јазик поинаков одошто оној на кој сте пребарувале, особено во места каде многу луѓе зборуваат два или повеќе слични јазици. Оваа страница ќе ви објасни како јазикот од резултатите автоматски се одредува и како рачно може да филтрирате за одреден јазик.

Како ние го одредуваме јазикот на кој се појавуваат резултатите: Во многу земји и региони, луѓето користат повеќе јазици за да пребаруваат на Гугл. За најдобро да може да им служи на луѓето што зборуваат повеќе јазици, Гугл користи неколку фактори за автоматски да одлучи на кој јазик или јазици ќе биде најмногу од помош да се презентираат резултатите од пребарувањето, се наведува на страницата.

Во подеталните образложенија на Гугл за тоа како се детерминира јазикот на кој ќе се појават резултатите од пребарувањето, меѓу другото, се вели:

Јазикот кој некој го користи кога пребарува е исклучително важен фактор кој им помага на нашите системи да разберат дали некој сака содржина на јазикот различен од оној во нивните јазични подесувања. На пример, човек во Франција со нагодување на француски јазик, може да пребарува на англиски, арапски или на друг јазик и да добие содржини на тие јазици.

Гугл, исто така, ја користи и локацијата на корисникот од којашто тој пребарува за да му помогне да одреди на кој јазик да ги презентира резултатите. Локацијата на корисникот е од помош кога зборовите се пишуваат на ист начин на различни јазици, како, на пример, со зборот „такси“. Гугл автоматски ја одредува вашата локација, но вие самите може да ги промените нагодувањата за регионот во кое било време.

Има два начини на коишто корисникот може рачно да ги филтрира резултатите од своето пребарување на одреден јазик, меѓу кој и македонскиот јазик.

Филтерот кој се појавува над резултатите за пребарување (Results Language Filter) ви овозможува да ги ограничите резултатите на јазик кој го претпочитате. Повеќе информации за тоа може да пронајдете овде.

Потоа, може да ги филтрирате резултатите на таканаречениот „напреден филтер”.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита. На пребарувачот Гугл не е избришан македонскиот јазик, туку на македонски јазик може да се пребарува на Гугл и може специфично да се ограничи сите резултати кои се добиваат да бидат на македонски јазик доколку корисникот тоа го претпочита.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...