недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: градежништво | 54 резултати

АНАЛИЗА: Увозот на работна сила – меч со две острици

март 28, 2023

Се намалува бројот на активно и работоспособно население во земјава. Новите податоци покажуваат дека во 2022 во однос на 2021 година, бројот на активно население е намален за скоро 12.000. Не запира трендот на одлив на работна сила, но во најава е и „увоз“ од странство, пишува Порталб.мк. Пазарот на труд се соочува со тектонски […]

ДЗС: Во јануари издадени за 24,6 отсто помалку одобренија за градење во однос на лани

март 15, 2021

Почетокот на 2021 година донесе негативни резултати за градежниот сектор. Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2021 година се издадени 199 одобренија за градење, што е за 24,6 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесувала 2.016.567.000 денари, што е […]

Од година во година, македонската градежна оператива сè повеќе ги губи странските пазари

февруари 15, 2021

Речиси и да нема поголеми градежни проекти на кои работат македонските градежни компании во странство, а состојбата на овој план постепено се влошува низ годините. Статистичките податоци покажуваат скромни договорени и извршени зделки на странските пазари од македонската оператива. Во 2020 година, само околу 2,6 милиони евра изнесуваат извршените градежни работи во странство од страна […]

Во јули издадени помалку дозволи за градење на станови, но повеќе за инфраструктурни објекти

септември 11, 2020

Градежниот сектор е една од гранките во економијата каде ударот на корона кризата е послаб, ако се суди според податоците на Државниот завод за статистика. Во јули 2020 година биле издадени 284 одобренија за градење, што е идентична бројка во споредба со истиот месец од минатата година. Воедно, предвидената вредност на објектите што ќе се […]

Каков „економски багаж“ ќе легне на „грбот“ на новата Влада?

август 11, 2020

По серија на месечни падови, во јули за прв пат од почетокот на ковид-19 здравствената криза, се појавија првите симптоми на заздравување на домашната економија, односно приходите од ДДВ се во пораст. Дел од економистите што ги консултираше Порталб.мк велат дека последиците од повеќемесечната економска криза ќе се прелеат и во следните месеци. Идната Влада […]

АНАЛИЗА: Градежништво, туризам, преработувачка индустрија – оцени и очекувања на бизнисмените

јули 28, 2020

Статистиката ги измери и првите „црни“ бројки за дел од економските сектори – во туризмот целосен колапс, во градежништвото драматичен пад на вредноста на објектите кои се планирани да се градат, но и на бројот на одобренија за градба. Бизнисмените пак од преработувачката индустрија се со оцени дека економската состојба се влошува, пишува „Порталб.мк“. Преработувачка […]

Народна банка: Ковид-19 сè уште негативно влијае на економијата

јули 16, 2020

Каматната стапка на благајничките записи од 1,5 проценти останува на исто ниво, одлучи Народната банка на редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика. На седницата беа разгледани и најновите економски показатели во домашната економија. Генерално, ширењето на вирусот ковид-19 во глобални рамки и во домашната економија резултираше со негативни ефекти врз деловната активност и […]

И градежништвото со негативни бројки во работењето од појавата на корона вирусот

мај 15, 2020

Македонските градежници трпат загуби од епидемијата на корона вирусот на домашниот и на странските пазари. Податоците од Државниот завод за статистика за работењето на градежниот сектор на почетокот од годинава не се нималку позитивни. Договорените градежни работи на странските пазари во периодот јануари-март 2020 година изнесувале околу 2,8 милиони евра, односно за 24,7 отсто помалку […]

ССК: Да се гради согласно стандардни прописи, за објектите да ги преживеат земјотресите

ноември 29, 2019

Природните катастрофи, како што се земјотресите се појави кои што не може да се предвидат, но она што можеме да го предвидиме и да влијаеме е сигурноста и квалитетот на градбите, беше истакнато на денешната прес конференција на Градежната комора на Македонија во соработка со Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија во Сојузот на […]

Градежништвото со повеќе градежни дозволи и поголеми проекти во август

октомври 10, 2019

Има засилен пораст на градежниот сектор во текот на август. Според податоците на Државниот завод за статистика, во осмиот месец биле издадени 210 одобренија за градење, што е за 9,4 отсто повеќе во однос на истиот период од минатата година. Предвидената вредност на објектите изнесува над 37,7 милиони евра, односно за 53,7 отсто повеќе во […]

Градежништвото со севкупен позитивен пораст во август

септември 10, 2019

Расте бројот на издадени одобренија за градење, на предвидената вредност на идните објекти, но и на бројката на станови што допрва ќе се градат. Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2019 година биле издадени 284 одобренија за градење, што е за 2,9 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. […]

Народна банка оцени дека има поволни поместувања во економијата

мај 15, 2019

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на седницата вчера одлучил каматната стапка на благајничките записи да остане на истото ниво од 2,25 проценти поради поволните поместувања во економијата. „Во однос на најновите макроекономски показатели, по релативно солидниот пораст на економијата во 2018 година, досега расположливите високофреквентни показатели за економската активност во првото тримесечје […]

Сугарески: Капиталните инвестиции се ниски, бидејќи не е градежна сезона

февруари 27, 2019

Официјалните податоци од Министерството за финансии покажуваат дека само 1, 09 проценти од планираното за капитални инвестиции биле реализирани во јануари. Причината за слабата реализација, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ја гледа во тоа што не е градежна сезона, а се работи на тендери за предвидените проекти, но очекува дека капиталните инвестции годинава […]

НБРМ: Градежништвото се подобрува, поволни очекувања во економијата

јануари 31, 2019

Согласно со објавените проценети податоци за домашниот бруто-производ (БДП), економската активност во третиот квартал на минатата година бележи раст од три проценти, што е нешто повисок од проектираниот во октомвриските проекции, велат од Народна банка за усвојувањето на новиот Квартален извештај. „Ваквото нагорно отстапување главно се должи на повисокиот раст на извозот, односно поповолната нето […]

Италијанските компании заинтересирани за учество во развојни капитални проекти

декември 3, 2018

Искуствата, технологиите и знаењата на италијанските компании во фазите на проектирање, изведба и надзор на градежните проекти кои се планира да се реализираат во Македонија се добродојдени, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на отворањето на бизнис-форумот кој го организира канцеларијата на италијанската Агенција за трговија во Скопје. На бизнис-форумот присуствуваа претставници од 15 италијански […]

Непродадени стојат 5.000 станови, а се градат над 10.000 нови (инфографик)

ноември 28, 2018

Не стивнуваат реакциите во јавноста по најавата дека висококатници ќе се градат на паркингот спроти Градскиот трговски центар во Скопје кои ќе уриваат нови рекорди во височина по објектите на „Џеваир“ во општина Аеродром. Кој ќе ги купува овие станови и дали на пазарот воопшто има потреба од толкава станбена експанзија ако сега зад трговскиот […]

Градежниците очекуваат пад на бројот на вработени

октомври 18, 2018

Намалени порачки, пад на бројот на вработени и влошена економска состојба во градежниот сектор очекуваат раководителите на градежните компании во Македонија, открива најновата анкета на Државниот завод за статистика. Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата. Најголемо влијание врз ограничувањето […]

Анѓушев: Изградбата на автопатиштата и железницата ќе го раздвижат градежништвото

септември 10, 2018

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев рече дека зголемениот домашниот бруто-производ (БДП) од 3,1 проценти се должи на влијателните фактори како што се индустријата, градежништвото, земјоделството и трговијата, каде што се бележи најголем пораст. – Во делот на градежништвото кога имавме пад од 40 проценти, БДП беше зголемен за 0,1 процент во првиот квартал. Градежништвото се […]

Владата најавува интензивна изградба на автопатот Кичево – Охрид

септември 6, 2018

Владата денеска усвои предлог-закон за нов анекс на Договорот за изградбата на автопатот Кичево – Охрид во должина од 57 километри со кинески „Синохидро“. На овој начин се овозможува ослободување на 205 милиони евра од претходно обезбедените финансии за проектот, со што ќе се интензивираат градежните активности на терен и ќе се овозможи исплата на […]

Сугарески: Предвидени се 300 милиони евра инвестиции во патишта во Источниот регион

април 5, 2018

Должината на експресниот пат Штип – Кочани кој е во изградба, изнесува 28 километри и предвидено е да се гради во две фази, информираше денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески кој направи увид во градежните работи. – Во тек е изградба на првата фаза од Штип до Крупиште во должина од 14,3 километри, инвестиција со […]

Страна 1 од 3