fbpx

Даниел Кајмакоски ќе ја пее химната за Светското ракометно првенство во Доха

-

На 15 јануари во спортската сала „Лусеил хол“ (Lusail Hall) во Доха, Даниел Кајмакоски, со уште 24 изведувачи од земјите-учеснички на Светското првенство во ракомет, ќе ја отпее химната „Live it“, создадена специјално за овој настан.

Продуцентската куќа „Мелоди ворлд“ (The Melody World) од Лос Анџелес ја создаде оваа песна, а Даниел пред три месеци беше во Париз, каде што со дел од изведувачите од останатите земји-учеснички на првенството ја сними химната.

Освен во Париз, снимањето со останатите учесници се одвивање на уште три локации низ светот: Рио де Жанеиро, Мадрид и Доха.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...