fbpx

„Професорски пленум“ одби средба со „контрапленумот“

-

На средбата меѓу студентскиот и професорскиот пленум, претседателот Ѓорге Иванов предложил утре, на 14 јануари, да се одржи средба меѓу „Професорски пленум“ и „Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование“.

Од „Професорски пленум“ велат дека не се согласуваат со предлогот на претседателот за таква средба бидејќи, според нив, не постојат спротивставени мислења во однос на потребата од реформи во високото образование.
Единствената разлика меѓу нив, тврдат оттаму, е што досега ниту факултетите, ниту Интеруниверзитетска конференција не добиле аргументи и мислења кои би ги поддржале јавно истакнатите ставови на „Граѓанската иницијатива“.

„Професорскиот пленум смета дека подобрувањето на квалитетот во високото образование е нужно, но понудените предлог-измени, кои се антиреформски и неуставни, наместо да ги подобрат, ќе ги влошат состојбите во образованието. За „Професорски пленум“ оваа средба, предложена да се одржи на истиот ден кога е закажана 31. седница на Собранието на РМ, на која се очекува изгласување на предложениот пакет закони, е беспредметна“, се вели во соопштението од „Професорски пленум“.

Претседателот Иванов денеска ќе се сретне со преставниците на „Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование“, кои вчера побараа средба со него.

„Студентски пленум“ го потсети претседателот Иванов на максимата што тој ја користел на своите предавања како професор, дека историјата ги памети бунтовните, а не оние кои се послушни.
„Повикуваме Претседателот да биде непослушен и во оваа пригода да застане во одбрана на уставноста и на законитоста и да го искористи своето право на суспензивно вето“, се вели во соопштението од „Студентски пленум.“

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...