fbpx

Годинава првпат по десет години курс за подофицери во АРМ

-

Војската годинава, по цели десет години, ќе спроведе курс за подофицери, со кој дел од професионалните војници ќе можат да напредуваат во кариерата и нивните тригодишни договори за работа да ги заменат со договор за вработување на неопределено време.

Ваков курс последен пат бил спроведен во 2009 година, единствен пат во периодот на постојаните кратења на буџетот на одбраната од 2008 до 2017 година.

Генералштабот ја потврди информацијата дека се подготвува курсот, кој ќе се одржи до крајот на годинава. Во моментов се подготвуваат нови критериуми и придружни документи за системот на кариера во војската, а за есенва се најавуваат и законски измени во законите за одбрана и за служба во АРМ.

„Ниту еден подофицер не е произведен од 2009 година. Концептите за развој на кариера за офицерите и подофицерите се изработени, но не се целосно имплементирани. Процедурите и критериумите за оценување, унапредување и поставување, како и можностите за обука и образование имаат потреба од надградба и усогласување за да обезбедат еднакви можности и водење во кариера.“, стои во Стратегискиот одбранбен преглед од 2018 година.

Министерството за одбрана во февруари објави интерен оглас за прием на 100 подофицери, но постапката беше сопрена поради претседателските избори. На огласот, наменет за професионалните војници, се бараа по 25 кандидати за подофицери во пешадија и во специјалните сили, 8 за артилерија, по 7 за единиците за врски, техничка служба и воздухопловно-техничка служба, 6 за санитетска служба, 5 за интендантска служба, 3 за електронско извидување и по двајца за инженерија, сообраќајна и финансиска служба.

Новиот курс за подофицери го најави и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во интервју за „Инбокс7“ на 24 мај.

– Ние сакавме прво да ги завршиме сите стратешки документи, да знаеме колку подофицери ни требаат, да не ги лажеме луѓето и непосредно пред изборите, после толку години отсуство на курс за подофицери, го распишавме курсот. Конкурираа околу 1.500 лица за курс во кој нема да учествуваат најверојатно повеќе од стотина. Бидејќи беа во тек избори, незаконски ќе беше да продолжиме со селекцијата, но тоа е сега клучна работа, да ги избереме оние кои ќе одат на тој курс за подофицери и да почнат курсевите да се одржуваат за да ги имаме идните подофицери – вели министерката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Стара невистинита вест дека пијан Србин убил ајкула во Египет, преку руски медиуми стаса и кај нас

Уште во 2010 година Дејли Мејл пишува за лажниот настан на српски турист, кој убил ајкула која ги плашела туристите во египетскиот туристички центар Шарм ел Шеик. Приказната станала интернет...