вторник, 16 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: курс | 18 резултати

Бензинот „еуросупер БС-95“ поскапува, цената на другите горива останува иста

јуни 17, 2019

Бензинот „еуросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 67 денари за литар. „еуросупер БС-98“ ќе продолжи да се продава за 69, а „еуродизел“ за 60 денари. Со одлуката се […]

Турската централна банка презема мерки да го запре падот на лирата

август 13, 2018

Централната банка на Турција денеска порача дека е подготвена „да ги преземе сите неопходни мерки“ за да ја зачува финансиската стабилност по големиот пад на лирата во последните неколку дена. Таа вети дека на банките ќе им ја обезбеди „сета ликвидност што им е потребна“. Ефектот од оваа најава среде растечкиот дипломатски спор со САД, […]

Народна банка донесе стратегиски план за ниска инфлација и стабилен курс на денарот

мај 31, 2018

Советот на Народната банка денеска одржа редовна седница на која ги донесе Стратегискиот план и Програмата за истражувачка активност за периодот од 2019 до 2021 година. „Стратегискиот план за следниот тригодишен период содржи единаесет стратегиски цели кои јасно ја изразуваат определбата за одржување ниска и стабилна инфлација преку стратегијата на одржување стабилен курс на денарот […]

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат до два денари

мај 14, 2018

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува од еден до два денари, одлучи денеска Регулаторна комисија на енергетика. Цената на „еуросупер БС – 98“ се зголемува за два денара за литар, на „еуросупер БС-95“ за еден ипол денар, а на „еуродизелот“ се зголемува за еден денар. Просечната цена на суровата нафта во изминатите 14 […]

Цената на горивата се намалува за половина денар

октомври 16, 2017

Малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-95“, на дизелот и на екстралесното масло за домаќинство, од вечер на полноќ се намалуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулатрната комисија за енергетика. Новата цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 63 денари за еден литар, на „еуродизел“ – 51 денар, а „еуросупер БС-98“ останува со цена од 65 денари за еден литар. Намалувањето […]

Хрватска се подготвува за воведување на еврото

октомври 9, 2017

Народна банка на Хрватска подготви стратегија за воведување на еврото, која содржи анализа во корист на можните ризици од влегување во еврозоната, а ќе се објави на крајот на овој месец, пишуваат хрватските медиуми. Евростратегијата ќе послужи како темелен документ за јавна расправа за воведување на еврото, која ќе ја отвори премиерот Андреј Пленковиќ. Пленковиќ […]

Горивата поскапуваат од вечерва на полноќ

септември 18, 2017

Бензинот од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на дизел-горивата се зголемува за еден и пол денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 63,5 денари за еден литар, а литар „еуросупер БС-98“ќе се продава за 65 денари. Малопродажната цена на „еуродизел“ ќе […]

Дизел-горивата поевтинуваат за 1,5 денар, а цената на бензинот останува иста

април 3, 2017

Дизел-горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден и пол денар за литар, а цената на бензинот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ останува 65 денари за еден литар, а на „еуросупер БС- 98“ е 67 денари за литар. Новата цена на „еуродизел“ ќе изнесува 50,5 денари. Како причина […]

По победата на Трамп, вредноста на доларот почна да се зголемува

ноември 16, 2016

Трговците со валути сметаат дека постојат 45 проценти шанси за вредноста на доларот спрема еврото да се зголеми на еден долар до крајот на идната година, пишува „Блумберг“. Пазарот денеска се потпира на ветувањето на новиот американски претседател Доналд Трамп дека ќе ги намали даноците и дека ќе ја зајакне потрошувачката. Тоа би требало да го зголеми економскиот […]

Народна банка откупила 91,3 милиони евра во првите девет месеци

октомври 12, 2016

Најновите податоци за девизните резерви во септември покажуваат висок квартален пораст, што произлегува од задолжувањето на државата на меѓународниот финансиски пазар во јули, интервенциите на Народна банка со откуп на девизниот пазар и порастот на девизните депозити на банките кај Народна банка. Народната банка и во септември интервенирала со откуп на девизи од банките (вкупно […]

Бензинот поевтинува за половина денар по литар

октомври 3, 2016

Бензинот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на дизел-горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комсија за енергетика (РКЕ). Новата малопродажна цена на еден литар „еуросупер БС-95“ изнесува 61,5 денари, а на „еуросупер БС-98“ – 63 денари. Цените на „еуродизел“ и на екстралесното масло за домаќинство не се менуваат, односно остануваат 48 […]

Гувернерот Богов смета дека Брексит нема да се одрази на девизниот курс

јуни 24, 2016

Курсот на денарот е стабилен, нема дилеми за инфлација, гарантираме дека нема да има потреси за извозниците – оцени гувернерот на Народна банка, Димитар Богов по повод излегувањето на Велика Британија од Европска Унија и можните реперкусии врз македонската економија. Според него, Македонија не може да влијае на глобалните движења, но она низ што ќе поминува […]

Одржување на ниска и стабилна инфлација една од целите на Народна банка

мај 26, 2016

Oдржување ниска и стабилна инфлација преку одржување на стабилен курс на денарот во однос на еврото, одржувањето на финансиската стабилност како составен елемент на макроекономската стабилност и предуслов за остварување економски раст и просперитет, ќе бидат главните активностите на Народната банка, информираат од таму. – Стратегискиот план за 2017 – 2019 година претставува продолжение на […]

Инструктори од САД ги обучувале македонските полицајци за управување со чамци

јули 7, 2015

Инструктори на крајбрежната стража на Соединетите Американски Држави (САД) минатиот месец одржале обуки за граничните полицајци од регионалниот центар за гранични работи Југ и за службеници на царината за управување со чамци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Курсот се одржал во водите на Охридско Езеро, а бил реализиран со поддршка на Програмата за контрола на […]

Страна 1 од 1