fbpx

Превозниците ќе може да пријават корупција на граничните премини преку мобилна апликација

-

Владата, надлежните институции и Асоцијацијата на превозници „Макам-Транс“ денеска потпишаа Меморандум за заедничка соработка, во борбата против корупцијата на граничните премини при влез и излез во земјата, како и граничните премини во странство.

Националниот координатор за гранично управување, Владимир Пивоваров истакна дека најважно средство во борбата против криминалот е информацијата за направени незаконити дејствија, навремено да стигне до надлежните институции кои понатаму ќе дејствуваат.

„Соработката со „Макам-Транс“ предвидува, превозниците на кои на граничните премини ќе им биде побарано мито од страна на цариник, полицаец или инспектор за храна и ветерина, таквата информација да ја достават до нивната централа, која потоа ќе биде проследена до Дежурниот оперативен центар при Национален координативен центар за Гранично управување. Центарот ќе има обврска таа информација веднаш да ја сподели до надлежната институција за понатамошно постапување“, рече Пивоваров.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека Меморандумот обезбедува практично следење и конкретна размена на информации, кои превозниците ќе имаат можност преку информатичка технологија (ИТ) да ја пријават.

Апликацијата, која ќе биде бесплатна, ќе ја има на веб-страницата на асоцијацијата „Макам Транс“ и ќе биде достапна и за корисниците на мобилни телефони.

„Апликацијата ќе може да ја користи било кој превозник, не мора да биде член на нашата Асоцијација“, рече генералната секретарка на „Макам-Транс“, Билјана Муратовска и додаде дека пријавувањето на незаконските дејности ќе биде анонимно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...