fbpx

Претпладне многу топло, попладне со пороен дожд

-

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролшки работи, утринската температура ќе се движи од 12 до 18, а дневната од 27 до 35 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе биде 16, а дневната 33 Целзиусови степени.

Од четврток ќе преовладува стабилно и многу топло време со температури кои на повеќе места ќе надминат 35 степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...