fbpx

Бесплатни тестирања за ХИВ и сексуално преносливи болести

-

Од денеска до 24 мај, под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“, се одржува пролетната Европска недела на тестирање, кон која се приклучува и здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, за и кај нас да се зголеми бројот на луѓе кои се тестираат за ХИВ и за другите сексуално преносливи инфекции, како дел од грижата за сопственото здравје.

Од околу 400 лица со ХИВ, колку што се проценува дека денес живеат во нашата земја, речиси половината не го знаат својот ХИВ-позитивен статус. Mинатата година, пак, над половина од луѓето со ХИВ биле дијагностицирани доцна, со што се одложува навременото започнување со терапија за ХИВ.

Со навременото тестирање и редовното земање на терапијата, луѓето со ХИВ не само што можат да живеат квалитетно и долго, туку и се спречува преносот на вирусот бидејќи неговото присуство во крвта толку многу се намалува што не може да сепренесе по сексуален пат дури и кога не се користи заштита (т.е. кондом), велат од ХЕРА.

Граѓаните можат бесплатно и доверливо да се тестираат за ХИВ и за други сексуално преносливи инфекции во Младинскиот центар на ХЕРА „Сакам да знам“ на Водно. За подетални информации,можат да се јават на телефонскиот број 02/3176 950. Повеќе информации за ХИВ и за најблиските локации каде што може да се направи ХИВ-тест се достапни и преку мобилната андроид апликација Направи ХИВ тест, која може бесплатно да се преземе на Google Play.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...