fbpx

Таравари во Брисел на средба со Хан и тројцата европратеници

-

Генералниот секретар на Алијансата за Албанци и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари, денеска отпатува на официјална посета во Брисел.

Како што соопштија од партијата, во текот на дводневниот престој, Таравари ќе има средби со високи претставници на институции на ЕУ, како и со поддржувачи на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО интеграциите, како што се европскиот комесар за соседство и проширување Јоханес Хан и со европратениците Флекенштајн, Кукан и Вајгл.

„Агендата на средби ќе биде фокусирана околу последните политички случувања во земјата, со посебен акцент на уставните промени и на веќе познатите ставови на Алијансата за Албанците за потребата на унапредување на уставната положба на Албанците, како клучен фактор за градење на мултиетничко, демократско и вистинско европско општество“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...