fbpx

Tелефонската линија 0800-11-011 за помош при напад на новинари ќе биде отворена 24/7

-

Мисијата на ОБСЕ во Скопје во партнерство со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска во Скопје на прес-конференција ја промовираше бесплатната телефонска линија 0800-11-011 за помош на новинари во случај на закани, напади и насилство кон новинарите.

Бесплатната телефонска линија ќе функционира 24/7 и ќе овозможи помош и поддршка на новинарите и медиумските работници во случај на заплашувања, закани, вербални или физички напади, онлајн вознемирување, родово насилство, уцени и останато загрозување на безбедноста.

Телефонскиот оператор ќе ги советува новинарите и медиумските работници како да постапат во одредени специфични ситуации преку информирање за механизмите на делување кои им се на располагање.

„Нападот врз новинарот е напад врз демократијата. Заканите и заплашувањата често доведуваат до самоцензура, го ограничуваат просторот за проток на идеи и мислења.ОБСЕ со својот сеопфатен пристап кон безбедноста, работи на обезбедување услови медиумите да работат слободно и новинарите да можат непречено и безбедно да ја вршат својата работа – без страв од заплашување или закани“, рече  заменикот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џеф Голдстајн.

В.д. претседателот на ССНМ, Ѕвездан Георгиевски, додаде дека квалитетно новинарство не е можно без постоење услови за безбедна работа на новинарите и медиумските работници.

„Клучно е на нашите колеги да им овозможиме помош кога ќе се соочат со кој било вид на насилство“, рече Георгиевски.

За време на прес-конференцијата, Мисијата донираше елеци и заштитни капи за репортери членови на Здружението на новинари (ЗНМ).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...