fbpx

Вевчанци Новата година ја дочекаа во мрак и со студ

-

Жителите на Вевчани, Новата година ја дочекаа во мрак, смрзнати и гневни на надлежните, кои со денови ги оставија без електрична енергија на температура од -10 Целзиусови степени.

Тие бараат итно да им се реши проблемот бидејќи трпат големи штети, им се расипува белата техника, немаат телефони, секојдневно купуваат свеќи и батерии. Вевчанци најавуваат групна тужба против ЕВН, ЕЛЕМ и МЕПСО, а можни се и протести ако проблемот не биде итно решен.

Големи штети претрпеа и локалните угистителски објекти и туристичките капацитети бидејќи за Нова година рестораните не работеа, се откажаа аранжманите, пропаднаа сите резервации во мотелите и приватното сместување.

Градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски, вели дека вложува максимални напори да помогне во надминувањето на ситуацијата бидејќи се наближува одржувањето на Вевчанскиот василичарски карневал.

– Целосно сме посветени на заокружување на програмата на претстојниот Вевчански василичарки карневал, кога очекуваме по 50.000 посетители дневно. Оваа ситуација нè снајде во најнеповолен момент, се надевам дека бргу ќе се надмине – вели Угриноски.

Покрај Вевчани, без струја се и многу села во Струшко, во Долни Дримкол и Малесија, како и Подгорци, Октиси, Боровец и Јабланица.

Без елекрична енергија се речиси сите планиски села во општина Дебрца, кои се отсечени и завеани со снег.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...