Министерот за надворешни работи Никола Димитров и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, денеска ќе имаат билатерална средба во Брисел, на маргините од состанокот министрите за надворешни работи на земјите од Европската Унија.
Според најавите, Димитров и Коѕиас ќе разговараат за спорот за името, како и за мерките за градење доверба.
Коѕиас, пред заминувањето за Брисел изјави дека Грција сака да го реши проблемот за името и изрази надеж дека прашањето ќе биде затворено во првата половина во 2018 година.
Димитров и премиерот Заев минатата недела потврдија дека разговорите за името ќе продолжат кон крајот на месецов и дека во Македонија треба да ја искористи позитивната клима во односите со Грција.