fbpx

Шефот на косовската дипломатија утре во официјална посета на Скопје

-

Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, утре ќе претстојува во еднодневна посета на Македонија, соопшти македонското министерство за надворешни работи.

Покрај средбата со својот домаќин, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, Пацоли ќе биде примен и од претседателот на Собранието, Талат Џафери, и од премиерот, Зоран Заев.

Се очекува на средбите да бидат разменети мислења за прашања од заеднички интерес, со акцент на интензивирање на севкупната билатерална политичка и економска соработка, а особено на сорабоката околу инфраструктурата и енергетиката.

Посетата, како што стои во соопштението на МНР, ќе биде искористена и за размена на мислења за актуелните меѓународни прашања, како и за соработката во рамките на мултилатералните и регионалните организации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...