fbpx

Заев: Цело ќе биде кога ќе ги заокружиме промените и во Скопје

-

Цело ќе биде кога ќе ги заокружиме промените и во Скопје и во скопските општини, порача денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев, од форумот со граѓаните во Центар, организиран пред Универзална сала во Скопје.

Тој кажа дека главната работа што мора ја прави власта е да ги слуша граѓаните.

– Иднината на Скопје е град што поврзува, современа метропола на Република Македонија. Мора да бидеме отворени и да слушаме, само така ќе си го слушаме нашиот народ, ако ги слушаме нашите граѓани, нема да има грешка – рече Заев.

На граѓанскиот форум се обратија и кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, и носителката на советничката листа на СДСМ и на коалицијата, Билјана Секуловска-Габер.

– Ќе градиме посветено и плански. Целокупната инфраструктура ќе биде изградена еднаш и да служи на сите. Ќе бидам градоначалник кој гради мостови и ги спојува граѓаните – рече Шилегов.

На крајот од форумот, Заев порача дека секој мора да се грижи за секого.

– Мои скопјани, вие сте жители на градот на солидарноста, ве повикувам да нè надминете во солидарност, пријателство, соработката. Грижете се за секој, бидејќи секој е важен – порача претседателот на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бизнис идеите на младите презентирани на првиот ден од Стартап Викенд Охрид

Викендов, од 26 до 28 април се организира второто издание на Стартап Викенд Охрид, настан кој е најголем од ваков тип во државата, а кој започна вчера попладне и...