fbpx

ВМРО-ДПМНЕ побара јавниот обвинител да го предлага опозицијата

-

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат во иднина државниот јавен обвинител да го предлага опозицијата. Ова денеска на прес-конференција во Собранието на Република Македонија го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, непосредно пред собраниската седница на која треба да се разгледува и да се одлучува за барањето за разрешување на актуелниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски.

Како што рече Димовски, опозицијата до Собранието поднела закон по скратена постапка, во кој освен барањето опозицијата да го предлага јавниот обвините, се бара и тој да се избира со двотретинско, наместо со просто мнозинство.

Инаку, според актуелното законско решение, државниот јавен обвинител се избира на предлог на Владата.

Според Димовски, ваквата измена би внела поголема инклузивност во процесот за избор на јавен обвинител на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...