fbpx

Пенс ја предупреди Северна Кореја да не ја тестира решителноста на САД

-

Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја предупреди Северна Кореја да не ја тестира решителноста на американската војска затоа што таа ќе одговори на ефикасен начин на употребата на нуклеарно и на конвенционално оружје.

Во рамки на посетата на Јапонија, Пенс на американскиот носач на авиони „УСС Роналд Реган“ рече дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп продолжува „внимателно да работи“ со сојузниците, како што се Јапонија, Кина и другите глобални сили, на дипломатскиот притисок на Северна Кореја.

Пенс, кој е на турнеја на Далечниот Исток, со регионалните лидери, освен за Севена Кореја, разговараше и за други прашања, како што се правата за пловење и за прелетување над Јужното Кинеско Море.

Тој во Јапонија изјави дека САД ќе ја штитат слободата на пловење и на прелетување на овие води, околу кои Пекинг се спори со неколку азиски земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Регионална депонија во Свети Николе: Зошто да биде европска кога може да е дива

Шеснаесет нестандардни општински и десетици диви депонии, полни со секаков отпад, без никаква ограда или заштита, расфрлани речиси до секое населено место, во реките, покрај нивите и патиштата или...