fbpx

СДСМ: Граѓаните да не потпаѓаат на разгорувањето тензии

-

Македонија и граѓаните нема повеќе да бидат заложници на мала криминална група во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, која ги блокира процесите и сака да ја изолира државата за да продолжи режимот, а тие да се спасат од правдата, се вели во редовното утринско соопштение на СДСМ.

„Легитимното парламентарно мнозинство од 67 пратеници избрани од повеќе од 700.000 граѓани, многу бргу ќе избере нов претседател на Собранието, а потоа и нова влада, во согласност со Уставот, деловникот и со законите. Тоа е единствениот легитимен и демократски излез од кризата што ја прави опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Порачуваме на институциите дека се должни да овозможат мирен трансфер на власта“, велат од СДСМ.

Од СДСМ апелираат граѓаните да не потпаѓаат на разгорувањето тензии и на сценаријата со тешки казниви дела против државните интереси водени од Трајко Велјаноски, Никола Груевски и Ѓорге Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...