fbpx

Новинарите отстранети од судењето „Тврдина 2“, се читаат класифицирани информации

-

Судијката Лидија Петровска, која го води судењето за случајот „Тврдина 2“, ги отстрани новинарите од судницата за да може да биде прочитана содржината од дописот што СЈО го добило од МВР по барањето за декласификација и за користење класифицирани информации во судската постапка.

На судењето присутни се сите седум обвинети, односно поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, и уште шест лица, кои се товарат за уништување документација поврзана со системите од незаконското прислушување.

Обвинителката од СЈО, Ленче Ристовска, почна со читањето на дописот, на што забелешка имаше адвокатот на Грујовски, Никола Додевски, кој рече дека во дописот би можело да има класифицирани податоци и побара отстранување на јавноста од судницата.

На ова реагираше обвинителката Ристовска, која рече дека нема потреба од отстранување на новинарите, но судијката Петровска, и покрај тоа, постапи по забелешката на Додевски и ги замоли новинарите да ја напуштат судницата. Таа додаде дека судот зад затворени врати треба да утврди кој има безбедносен сертификат и кои податоци се класифицирани, а кои не се.

На реакција на новинарите да образложи врз основа на кој член од Законот за кривична постапка ја отстранува јавноста, Петровска рече дека тоа е регулирано во членот 347.

На снимателите и на фоторепортерите не им беше дозволено да ги снимаат и да ги фотографираат обвинителите, обвинетите и адвокатите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...