fbpx

Валс си поднесе оставка, Казнев именуван за нов премиер на Франција

-

Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казнев, е именуван за премиер на државата на местото на досегашниот Мануел Валс, кој поднесе оставка на функцијата за да може да се кандидира на претседатеските избори во Франција, што треба да се одржат во април следната година, јавува „Би-би-си“.

Валс синоќа му ја предал оставката на францускиот претседател Франсоа Оланд, по што Казнев бил именуван да ја води социјалистичката влада до јуни следната година, за кога се закажани парламентарните избори во земјата.

Казнев ја имаше клучната улога во организирањето на безбедносните мерки во Франција по терористичките напади во Париз минатата година.

Досегашниот премиер Валс следниот месец на внатрепартиски избори, ќе треба да се соочи со другите кандидати за претседател од Социјалистичката партија.

Доколку ја добие поддршка на внатрепартиските избори, во првиот круг од претседателските избори во април догодина, ќе се соочи со кандидатот на конзервативната Републиканска партија, Франсоа Фијон, и со кандидатката на ултрадесничарскиот Национален фрон, Марин Ле Пен.

Минатата недела актуелниот претседател Оланд соопшти дека нема да бара втор мандат, потег што изненади многумина.

Оланд е првиот претседател на земјата, од формирањето на Петтата Француска Република во 1958 година, кој нема да бара втор мандат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 107

Бројот на загинати во силните поплави што го зафатија јужниот дел на Бразил се искачи на 107, соопшти вчера цивилната одбрана, пренесува „Ројтерс“. Спасувачките операции продолжиле, а властите почнале...