Саудискиот суд денеска осуди 15 лица на смрт поради шпионирање во полза на Иран, соопшти денеска саудиската државна телевизија „Ал Арабија“.
Осудените се дел од групата од 32 лица, кои се уапсени во 2013 година под обвинение дека шпиониреле за Иран.
Судењето на групата, која ја сочинуваат 30 саудиски шиитски муслимани, еден Иранец и еден Авганистанец, почна во февруари годинава.
Засега не е познат исходот од судењето на другите 17 осомничени.