fbpx
Таг: Бернар Казнев

таг: Бернар Казнев

Валс си поднесе оставка, Казнев именуван за нов премиер на Франција

Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казнев, е именуван за премиер на државата на местото на досегашниот Мануел Валс, кој поднесе оставка на функцијата за да може да се кандидира на претседатеските избори во Франција, што треба да се одржат во април следната година, јавува „Би-би-си“. Валс синоќа му ја предал оставката на францускиот претседател Франсоа Оланд, по што Казнев...

Најмалку 13 лица загинале во пожар за време на роденденска забава во Франција

Најмалку 13 лица загинале, а неколкумина се повредни во голем пожар кој избувнал за време на роденденска забава во клубот „Ле Куба Либре“ во францускиот град Руан, јавуваат локалните медиуми. Според информации од противпожарната служба во главниот град на француската покраина Нормандија, загинатите лица во пожарот биле на возраст меѓу 18 и 25 години. Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев...

Француската влада го одобри протестот на синдикатите

Француската влада го одобри протестот на синдикатите против реформите во законот за работни односи најавен за утре во Париз, откако претходно го забрани, соопштија синдикални извори. Демонстрациите ќе се одржат на локација која ја предложи министерството за внатрешни работи, на 1,6 километри од плоштадот Бастилја, соопштија претставниците на синдикатите, непосредно по состанокот со министерот Бернар Казнев. Синдикатите веќе три месеци протестираат...

Во пожар во Париз загинаа пет лица

Најмалку пет лица загинаа, а 11 се повредени во пожар во една станбена зграда во близина на стадионот „Франција“ во Сен Дени, предградие на Париз, соопшти денеска францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев. - Се истражува причината за пожарот кој избувна синоќа во Сен Дени – изјави Казнев. Пожарот избувна неколку дена пред Европското првенство во фудбал, кое почнува в...

Франција ќе прима по 400 мигранти месечно

Франција ќе прима по 400 мигранти од Грција месечно, според одлуката на Европска Унија за квотите, односно за поделба на мигрантите по земјите членки на ЕУ, изјави францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев. Земјите членки на ЕУ требало да прифатат 160.000 бегалци, од кои 30.000 требало да прифати Франција. Најголем дел од државите прифатиле многу помалку од договорениот број мигранти. Франција се обидува да...

Казнев: На Франција и понатаму ѝ се заканува опасност од тероризам

Француските власти разбија најмалку 18 канали за регрутирање терористи и уапсија членови на 11 терористички групи, но министерот за внатрешни работи, Бернар Казнев, изјави дека и понатаму постои голема опасност од тероризам. - Нетруализиравме 18 канали, уапсивме членови на 11 групи, а спречивме шест напади - изјави Казнев за „Ер-Те-Ел“. Франција ги зголеми мерките на безбедност и покрена хајка во целата земја...

Казнев ја осуди ескалацијата на насилствата на Корзика

Францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев, денеска го осуди насилството на Корзика, откако демонстрантите на островот ја демолираа просторијата во која се молеле муслимани. - На Корзика нема место за насилство, ниту за расизам – рече Казнев во градот Ајачо на Корзика. Тој рече дека „најостро го осудува насилството“ над пожарникарите, кои биле нападнати од заседа, како и над муслиманите. Насилствата...

Франција ќе ги затвори радикалните џамии

Предлогот за затворање на џамиите, во кои се собираат радикалните исламисти во Франција, ќе биде разгледан од Владата, најави францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев, по терористичкиот напад во Париз и  по прогласувањето вонредна состојба. - Вонредната состојба е желба, цврсто и одлучно да пристапиме во протерувањето на оние кои треба да бидат протерани, бидејќи проповедаат омраза во Франција,...

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...