fbpx

Пожар на Менхетн, еден загинат и 12 повредени

-

Најмалку едно лице загина, а 12 се повредени во пожар кој ноќеска зафати петкатница на Менхетан, Њујорк, соопштија спасувачките екипи.

Пожарот е пријавен околу 3.30 часот по локално време, односно 9.30 часот по средноевропско време, во повеќекатница на улица Ист 93, во населбата Јорквил.

Огнот набргу се проширил на целата зграда, а во еден момент почнал да излегува од покривот.

Американските медиуми јавуваат дека исплашените граѓани истрчале на улица во пижами.

Пожарникарите соопштиле дека во пожарот загинало едно лице, пет станари добиле потешки повреди, а четири се полесно повредени. Во огнената стихија се повредени и седум пожарникари.

Поради пожарот околните улици биле блокирани за сообраќај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Oколу 600 матуранти од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ викендов полагаа пробна државна матура. Тие пишуваа есеј кој е задолжителен дел од испитот по мајчин јазик, а импровизираното полагање...