fbpx

Шекеринска објави план за реформирање на Собранието

-

Собранието го избираат граѓаните на Република Македонија и тоа им припаѓа токму ним. Затоа, Собранието не смее да биде гласачка машина, туку место за вистински, сериозни дебати, чија цел ќе биде да се оствари интересот на мнозинството граѓани во нашата држава, изјави денеска на прес-конференцијапред парламентарниот дом, заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

– Затоа, имаме план да го промениме начинот на кој функционира законодавниот дом и да им дадеме шанса на граѓаните на Македонија да се гордеат со своите претставници и да знаат дека работат само за нив. Според нашиот план, ќе ги обврземе сите матични комисии во Собранието на Република Македонија задолжително да се отворат кон невладините организации, коморите, синдикатите, и тоа не само за дебати по закони, туку исто така и за надзорните расправи. Имаме план според кој пратениците во Република Македонија ќе ги избираат навистина граѓаните, на тој начин што ќе овозможиме избор преку отворени листи. Така ќе добиеме посилни пратеници и посилно Собрание – вели Шекеринска.

Таа додаде дека дел од планот на СДСМ е скратените процедури за носење закони во Собранието да се сведат на минимум.

– Затоа ќе ја ограничиме употребата на оваа скратена постапка и ќе ја направиме исклучок наместо правило. Претседателот на Собранието ќе мора еднаш годишно да реферира пред законодавно-правната комисија, за тоа колку често се користеле скратените постапки и од кои причини. Имаме план според кој сериозно ќе го ревидираме начинот на исплата на патните трошоци за пратениците што живеат надвор од Скопје. Само на таков начин ќе обезбедиме граѓаните да имаат доверба во своите претставници. Тие ќе имаат законска обврска и законски ќе одговараат за точноста на прикажаните патни трошоци, а јавноста во секој момент ќе има увид точно колку пари и колку трошоци наплатил секој пратеник – заклучи Шекеринска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...