fbpx

Партиите и здруженијата го осудија нападот врз новинарот Беловски

-

По вчерашниот напад врз новинарот Павле Беловски со соопштенија во јавноста се јавија Самостојниот синдикат на новинари во Македонија, а став изнесоа и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

ССНМ најостро го осудува нападот врз новинарот кој без никаква причина беше жртва на физичко насилство пред седиштето на МВР.

„Сакаме да ја потсетиме јавноста дека станува збор за шести напад врз новинар на место на настан само во 2016 година. Ја поздравуваме брзата реакција на припадниците на МВР кои го привеле напаѓачот, но во истовреме искажуваме крајно незадоволство од бавната реакција на надлежните институции кои во крајна инстанца не ги решаваат овие случаи ниту брзо, ниту задоволително во поглед на правдата. Јавноста знае, а институциите треба да се свесни дека физички или друг тип на загрозување на новинар, особено на работна задача е напад врз слободата на информирање и во крајна линија напад врз демократското уредување на државата. Од тие причини ги повикуваме повторно надлежните, веднаш да го расчистат овој случај, да ги разјаснат мотивите за нападот и на тој начин да испратат јасна порака дека нападите врз новинарите нема да се толерираат“, велат од Синдикатот.

СДСМ со соопштение бараат одговорност од ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи ги првите луѓе на ДПМНЕ веднаш да престанат шират паника и страв од одговорност помеѓу своето членство и активистите.

„Физичките напади врз новинари и спречувањето на вистината за жал беа една од главните одлики на режимот на Никола Груевски, кој ќе биде поразен на 11 декември“, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави брзата реакција на полицијата и порачаа дека само со полициско расчистување на случајот може да се оттргнат сите сомнежи и сите политички злоупотреби на ваквите недолични постапки.

„Новинарите и медиумите мора да бидат оставени слободно да ја вршат својата работа. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува сите притисоци и напади врз медиумите и сите обиди преку какви било закани и прогласувања за непријатели, медиумите да бидат заплашени и цензурирани“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...