fbpx

Јилдрим: Улогата на Анкара е да ги обедини Русија, САД и Иран

-

Улогата на Анкара во сирискиот конфликт е да ги обедини Русија, САД и Иран за да се најде решение за војната во таа земја, изјави турскиот премиер Бинали Јилдрим.

Како што истакна турскиот премиер, во тој процес би можела да учествува и Саудиска Арабија.

Според него, на тој начин би се запрело крвопролевањето во регионот и би се ставил крај на смртта на илјадници невини граѓани.

Јилдрим смета дека недостигот од координација и од согласност помеѓу Москва и Вашингтон од ден на ден ја комплицира ситуацијата во Сирија.

– Тој вакуум на политичка волја кој се појави поради претстојните претседателски избори во САД, за жал, доведе до креирање непријатна ситуација во регионот – оцени турскиот премиер.

Тој додаде дека поради тоа голема одговорност лежи кај Русија, затоа што Москва претставува важен фактор во целокупниот сириски проблем.

– Дојде времето кога Москва мора да го искористи своето влијание кај претседателот на Сирија, Башар ал Асад. Мислам дека Русија мора да заземе поактивен став за бројот на загинати граѓани да не се зголемува – истакна Јилдрим.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 11 часот поголем број на гласачи на парламентарните, отколку на претседателските избори

Поголем број на граѓани до 11 часот гласале на парламентарните, отколку на претседателските избори. Според податоците од Државната изборна комисија, 13,69 отсто гласачи гласале за избор на пратеници, додека...