fbpx

Десет лица повредени во експлозија во бар во Милано

-

Силна експлозија одекнала во бар во централниот дела на северната италијанска метропола Милано утрово во два часот, при што се повредени десет лица, соопштија италијанската полиција.

Сите повредени се хоспитализирани во неколку милански болници, но нивните животи не се загрозени.

Според прелиминарната истрага, во моментот на експлозијата локалот веќе бил затворен. Сите настрадани се станари од првиот кат од зданието во кое се наоѓал барот.

Експлозијата предизвикала пожар, поради кој станарите од околните згради биле евакуирани. Некои од повредените се задушиле од чадот, а пожарот бргу бил изгаснат и станарите се вратиле во своите домови.

Полицијата не ја исклучува можноста експлозијата да била подметната и соопшти дека уште се води истрага за инцидентот, иако првичните сомневања се дека станува збор за истекување на гас за домаќинство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...