Најмалку 16 лица загинаа по истекувањето на гас во Јоханесбург

Екипите за пребарување и спасување сè уште работат низ областа обидувајќи се да го утврдат бројот на жртвите

-

Најмалку 16 лица загинаа, од кои три се деца, кога отровен гас истекол од боца во близина на Јоханесбург во Јужна Африка. Службите за итни случаи изјавуваат дека несреќата најверојатно е поврзана со нелегални рударски активности, пренесува Гардијан.

Службите за итни случаи првично објавија дека дури 24 луѓе може да се загинати во  населбата Анџело во Боксбург. Но, полицијата и премиерот на провинцијата Гаутенг, Пањаза Лесуфи, подоцна изјавија дека бројот на загинати е 16, откако биле пребројани телата. Полицијата соопшти дека трите загинати деца се на возраст од една, шест и петнаесет години. Две лица биле пренесени во болница на лекување.

Екипите за пребарување и спасување сè уште работат во областа, обидувајќи се да го утврдат бројот на жртвите.

Портпаролот на службите за вонредни случаи, Вилијам Нтлади, рекол дека првичните информации на властите посочуваат оти гасот во цилиндрите го користеле нелегални рудари за обработка на злато во објект.

Огромната мрежа на неупотребени рудници за злато во Јоханесбург ја користат „оние лица кои си ја пробуваат среќата“, со надеж дека ќе најдат злато кое потоа се обработува над земја.

Во Јужна Африка работат дури 30.000 нелегални рудари според извештајот на Јужноафриканската Комисија за човекови права, а стотици загинале во уривања на окното во рудникот, истекување на гас и битки меѓу нелегалните рудари и работниците вработени од сопствениците на рудниците.

Вилијам Нтлади тврди дека смртните случаи биле предизвикани од истечена плинска боца што се чувала во барака кај населбата Анџело, но кажува дека истекувањето престанало и дека тимовите пребаруваат на радиус од 100 метри околу цилиндерот за да проверат дали има повеќе жртви.

Растот на нелегално ископување се должи на големата стапка на невработеност и падот на рударската индустрија поради исцрпените резерви, падот на цените на суровините, зголемените трошоци за вработување и несигурното снабдување со електрична енергија.

ИзворThe Guardian

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...