fbpx

Оливер Андонов ќе биде министер за внатрешни работи за еден ден

-

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, поднесе оставка, а Оливер Андонов е предлог на Владата за нов министер за внатрешни работи.

Андонов ќе биде министер за внатрешни работи само еден ден, до назначувањето на Оливер Спасовски од СДСМ, кој на ова место се враќа како дел од преодната влада, која почнува да функционира в сабота.

Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, потврди дека се очекува премиерот Емил Димитриев да го предложи Митко Чавков за нов директор на Бирото за јавна безбедност во МВР.

Тој потврди дека претпладнето Владата имала седница на која, по нивно лично барање, се разрешени досегашните директори на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горанче Савовски и Љупчо Андоновски. На истата седница за нов директор на УБК е именуван Владимир Атанасовски, досегашен директор на Управата за финансиско разузнавање.

Собранието во текот на денот треба да одржи седница на која ќе биде констатирана оставката на Чавков и на која ќе се гласа за предлогот за избор на Оливер Андонов за нов министер за внатрешни работи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Денеска се одбележува Денот на македонскиот јазик

Денеска, на 5 Мај, во земјава се одбележува Денот на македонскиот јазик. Претседателот Стево Пендаровски истакна дека откако пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука, континуираниот развој на...