Во рамките на истрагата за неуспешниот обид за воен удар, турската полиција денеска приведе 136 вработени во судската администрација во Турција.
Полицијата утрово извршила претрес во судските канцеларии и одзела компјутери, а други полициски тимови извршија претрес во домовите на осомничените.
Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул издала налог за притворање на 173 вработени во судовите Чаглајан, Бакиркој и Газиосманпаша, од кои 136 се приведени во денешната операција.