вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: судови | 37 резултати

Вистиномер: Од „No name“ компјутери до онлајн-судење

февруари 12, 2022

Ако детално се погледне  Функционалната анализа на основните судови во РСМ претставена во ноември 2021 година, а со цел да се стекне вистинската слика со ИТ – опрема во судството, може да се сретнат и бизарни податоци кога се набројува постојната опрема во судовите, се наведува се вели во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во правосудството под наслов: „На […]

„Polexit“ од правото на ЕУ – загрозување на јадрото на ЕУ

октомври 18, 2021

Принципот на првенство (сумпремација) на правото на ЕУ е една од најважните лекции на оние што ја изучувааат интеграцијата на ЕУ. Востановен уште далечните 60-ти години преку судската практика на Судот на правдата на ЕУ (СПЕУ), овој принцип кажува дека правото на ЕУ има првенство пред националното право на државите членки. Оттаму, одлуките на СПЕУ […]

Претседателот на Судски совет: По започнувањето на иницијативата за застарени случаи, судиите решаваат предмети

јули 24, 2020

После иницијативата за прибирање на податоци од судовите за застарените и старите предмети што не се решени во судовите на Северна Македонија, факт е дека има зголемување на бројот на решавање застарени предмети, вели претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев во разговор со новинарот на „Порталб.мк“. – Направив акциски план и започнавме да ги посетуваме […]

Со нова регулатива Владата сака да го намали застојот во судовите

јануари 31, 2020

Владата го достави до Собранието предлог-законот за управување со движењето на предметите во судовите со барање тој да биде усвоен во скратена постапка. Со предлог-законот, кој содржи 18 члена се предвидува обезбедување на правото на „природен“ судија при распределба на предметите во судовите, управување со движењето на предметите во судовите преку користење на автоматизиран компјутерски […]

Во Охрид, Дебар и Гевгелија се трите најнетранспарентни судови во Македонија (инфографик)

ноември 7, 2019

Основните судови Охрид, Дебар и Гевгелија се судовите кои најмалку ги исполниле показателите за пристапност, совесност, интегритет и транспарентност. Ова го покажува истражувањето на ACTION SEE,со кое беше измерено нивото на отвореност на институциите во текот на 2016/17/18 година,  а се заснова на горенаведените индикатори. Во 2016 година, најзатворен, односно најнетранспарентен суд бил Охридскиот, кој […]

Година и пол не се обелоденуваат истрагите за скандалот АКМИС во судовите

мај 13, 2019

Основното јавно обвинителство сè уште не утврдило дали системот за распределба на судските предмети – АКМИС – бил злоупотребен. Иако помина година и пол откако Министерството за правда го достави извештајот од контролата на системот АКМИС, Обвинителството и натаму ја продолжува постапката за собирање докази, пишува „Порталб.мк“. На 25 јануари 2018 година, Министерството за правда […]

Истражување: Нема реформа на правосудството без политичка волја

јануари 14, 2019

Мора да има политичка волја за реформи во правосудството и цврсто опстојување на имплементацијата на законските реформи, со што ќе се демонстрира дека политичката елита цврсто стои зад принципот на поделба на власта во земјата. Ова е најважната препорака од истражувањето на Фондацијата „Метаморфозис“, во рамките на регионален проект за оцена на исполнувањето на политичките […]

Судските закони денеска на владина седница

декември 12, 2018

На 108. седница која ќе се одржи денеска во 13 часот, Владата ќе ги разгледува предлог-законите за судството. Министрите ќе одлучуваат за предлог – законите за изменување и дополнување на Кривичниот законик, на законот за судовите, законот за Судскиот совет, законот за извршување на санкциите и за предлог – законот за изменување и дополнување на […]

Дескоска најави целогодишна контрола на АКМИС-от во 16 судови

декември 11, 2018

Министерката за правда Рената Дескоска соопшти дека донела решение со кое во текот на целата наредна година ќе се врши надзор на работењето на АКМИС системот во 16 судови. Проблемите со информатичкиот систем за автоматска прераспределба на предмети (АКМИС), неговото нефункционирање и преголемото влијание на човечкиот фактор беа утврдени со извештајот на Работната група за […]

Собранието ги донесе законите за судовите, за Судски совет и за високотo образование

мај 2, 2018

Собранието на Република Македонија на денешната 45. седница ги донесе Законот за високото образование и измените и дополнувањата на законите за судовите, за Судскиот совет, за оружјето и за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и за НБРМ, за класифицирани информации, за оружје и за ловство. Процедурално координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, […]

Нетранспарентноста и корупцијата во судството се како „брат и сестра“

март 29, 2018

Судството во земјава има проблеми со аспектот на транспарентноста на судските постапки во сите негови фази, а не е исклучено дека зад тоа може да се крие и корупцијата во сите нејзини форми и облици. Ова е генералниот заклучок што го извлековме од нашите соговорници истражувајќи само еден, но многу значаен аспект од корпусот сегменти […]

Владата утре ќе усвои предлог-законите за судовите и за Судскиот совет

март 5, 2018

На својата 57-ма седница, утре Владата  ќе ги усвои и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Судски совет на Република Македонија, како и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судовите. Измените на овие два закона се дел од реформите во правосудството од планот „3-6-9“ на Владата. Со измените на законот за […]

Караџовски не видел ништо „помпезно и страшно“ во извештајот за АКМИС

февруари 15, 2018

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски денеска изјави дека не му се јасни причините зошто извештајот на комисијата за АКМИ-системот (Автоматизиран компјутерски систем за управување со судските предмети) на Министерството за правда е класифициран, бидејќи, како што рече, во тој материјал нема „ништо помпезно и ништо страшно“. Тој рече дека сè уште во фаза е […]

Јовески: Отворена е предистражна постапка за злоупотребите на АКМИС во судовите

февруари 2, 2018

Скопското јавно обвинителство отворило предистражна постапка во врска со извештајот на работната група на Министерството за правда за злоупотреби на Автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети (АКМИС) во судовите, потврдил државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески за „СДК.мк“. „Во врска со неправилностите во електронската распределба на предметите кај судии што ги воочила групата експерти […]

Министерство за правда ги одложи измените на Законот за референдум

јануари 23, 2018

Министерството за правда вчера го објави предлог-законот за референдум на Единствен национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР), а денеска го повлече, откако медиумите почнаа да објавуваат дека не се предвидува јавна расправа и беше поставен многу краток рок – до крајот на месецот. Попладнево Министерството за правда соопшти дека со решението што […]

Владата денеска ќе ги разгледува законите за ОТА и за следење на комуникации

декември 26, 2017

Владата на денешната седница, закажана во 14 часот ќе ги разгледува предлог-законот за новата Оперативно-техничка агенција (ОТА) и новиот Законот за следење на комуникациите, кои се дел од реформите во безбедносните служби и системот за прислушување, што произлегоа од извештаите на експертскиот тим на Европската комисија предводен од Рајнхард Прибе. Со новите закони, следењето на […]

Вангеловски ќе врши контроли во судовите за функционирањето на АКМИС

октомври 13, 2017

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, вчера бил во Основниот суд Гевгелија за да изврши контрола во функционирањето на автоматизираниот систем за управување со судските предмети (АКМИС) во судот, соопшти денеска Врховниот суд. Од судот велат дека по добивањето на извештајот од анализата на функционирањето на АКМИС, ќе бидат „донесени соодветни заклучоци, за кои јавноста […]

Поднесени три барања за утврдување одговорност на судија од почетокот на годината

октомври 10, 2017

Советот за утврдување на факти до Судскиот совет поднел три барања за поведување постапка за утврдување одговорност за судија, стои во извештајот на Советот за утврдување на факти и за поведување постапка за утврдување одговорност на судија за периодот од 1 јануари до 30 септември годинава. Инаку, Советот за утврдување факти, во првите шест месеци […]

Работна група на Владата ќе го реформира системот за следење на комуникациите

септември 27, 2017

Владата ќе формира меѓуресорска работна група која ќе треба да подготви решение за реформа на системот на следење на комуникациите, врз основа на препораките од експертската група на Рајнхард Прибе, кое ќе обезбеди заштита на правата на граѓаните и заштита од злоупотреби на прислушувањето. Потребата за формирање на работната група била усвоена на вчерашната седница […]

Почнува двосменското работење во институциите и во градинките

септември 1, 2017

Од денеска повеќе државни институции почнуваат со двосменско работење, во согласност со одлуката што ја донесе Владата. Управата за јавни приходи, Царинската управа, градинките, Управата за водење матични книги, службите за издавање лични карти и пасоши во МВР и одделенијата за одбрана во градовите и во општините во рамките на Министерството за одбрана се првите […]

Страна 1 од 2