fbpx
Таг: воен удар

таг: воен удар

Турскиот суд го ослободи од притвор активистот на „Амнести интернешенл“

Турскиот суд нареди да биде ослободен од притвор претседателот на турскиот огранок на меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести интернешенл“, Танер Килич, јавуваат светските агенции. Ова денеска го соопшти адвокатот на Килич, Мурат Динчер, додавајќи дека судењето на активистот продолжува. Килич беше во затвор од јуни, минатата година, кога беше уапсен во Измир под обвинение за тероризам. Обвинителството...

Нов бран апсења во Турција

Турските власти издале налог за апсење на 216 лица, вклучувајќи и поранешни вработени во Министерството за финансии, поради сомневање дека се поврзани со неуспешниот обид за пуч. Досега се уапсени 17 поранешни вработени во Министерството за финансии, додека властите трагаат по уште 65 лица за наводни врски со мрежата на муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен. Во одвоени акции, властите извеле операции во...

Свештеник посредува во повлекувањето на Мугабе

Во разговорите за повлекување на претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, кој инсистира дека може да го смени само раководството на неговата партија, посредува католички свештеник, соопштија денеска политички и разузнавачки извори. Опозицискиот лидер, Морган Чвангирај, кој во странство се лечеше од рак, доцна синоќа е врати во Хараре, соопшти портпаролот на неговата партија. Судбината и статусот на Мугабе (93) се нејасни откако...

Акција на турската полиција за апсење на 70 војници поради поврзаност со Ѓулен

Турската полиција денеска почнала акција за апсење на 70 војници обвинети за поврзаност со имамот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а кого властите во Анката го обвинуваат дека го организирал минатогодишниот обид за воен удар, јавуваат турските агенции. Акции против приврзаници на Ѓулен во Турција се спроведуваат речиси секој ден, веќе 15 месеци, а само минатата седмица беа приведени...

Уапсен советникот на турскиот премиер поради наводна поврзаност со Ѓулен

Турските власти го уапсиле Бирол Ердем, главен советник на премиерот Бинали Јилдирим, поради негова наводна поврзаност со движењето на имамот Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека го организирал минатогодишниот неуспешен воен удар, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Турските медиуми, на кои се повикува РСЕ, наведуваат дека Ердем бил приведен во Анкара заедно со неговата сопруга, Ѓулумсер Ердем. Медиумите, повикувајќи...

Иванов бара Нухиу да ја појасни изјавата за сценарио за воена состојба

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов попладнево го повика министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, да ги појасни податоците и информациите искажани вчера во интервју за телевизија „Алсат-М“ за постоење на сценарио кое би послужило како повод за прогласување на воена (член 124 од Уставот на Република Македонија) или вонредна состојба (член 125 од Уставот на Република Македонија) од страна...

Германија: Поведена истрага против 20 лица осомничени дека шпионирале за Турција

Дваесет лица се под истрага во Германија поради сомнеж дека шпионирале луѓе за кои верувале дека се приврзаници на муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на соопштение на германското министерство за внатрешни работи. Инаку, властите во Анкара сметаат дека Ѓулен и неговите приврзаници стојат зад неуспешниот обид за воен удар во земјата, во јули минатата година. Ѓулен,...

Турските власти издадоа налог за апсење на 243 припадници на војската

Турското обвинителство издало налог за апсење на 243 припадници на војската во 54 провинции во земјата, јавуваат турските медиуми. Налозите се издадени во рамки на истрагата за неуспешниот воен удар извршен минатата година во јули. Осомничените наводно ја користеле апликацијата „бајлок“ за праќање пораки на паметни телефони. Турската влада тврди дека апликацијата ја користела мрежата на имамот Фетулах Ѓулен, кого Анкара...

Почна судењето на 29 турски полицајци за вмешаност во обидот за пуч

Денеска во Истанбул почна судењето на 29 турски полицајци, обвинети за вмешаност во организирањето на неуспешниот обид за воен удар на 15 јули годинава. Како што јавуваат светските агенции, станува збор за прво големо судење против лица обвинети за вмешаност во обидот за пуч во Турција. На 29 обвинети полицајци, од кои 24 се уапсени, ќе им се суди во...

Разрешени уште 15.000 државни службеници во Турција

Турските власти, во рамките на акцијата за пресметување со пучистите, разрешија уште 15.000 државни службеници, воени лица, полицајци и други административни работници и затворија повеќе од 500 институции за кои се претпоставува дека се поврзани со неуспешниот обид за државен удар извршен на 15 јули. Како што јавуваат светските медиуми, официјална Анкара разрешила 1.988 припадници на турските вооружени сили, 7.586 лица од...

Ердоган на прославата по повод денот на републиката најави враќање на смртната казна

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека владата ќе побара од парламентот на Турција да го разгледа повторното воведување на смртната казна во земјата, со која би биле санкционирани организаторите на неуспешниот обид за воен удар во јули годинава. – Нашата влада до парламентот ќе достави предлог за воведување на смртната казна. Уверен сум дека парламентот ќе го одбори, а...

Анкара забрани јавни собири и маршеви поради опасност од напади

Локалните власти во турската престолнина Анкара воведоа забрана за јавни собири и за маршеви до крајот на ноември годинава, јавуваат светските агенции. Ваквата одлука следува по добиени безбедносни информации дека екстремисти планираат напади во градот, кој веќе беше цел на неколку бомбашки напади во текот на минатата година. Забраната, како што пренесуваат агенциите, ја објавил кабинетот на гувернерот на Анкара. Турција...

Во Турција уапсени 32.000 лица во истрагата за обидот за преврат

Турските власти уапсиле околу 32.000 лица во рамки на истрагата против членови на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО), соопшти денеска турскиот министер за правосудство, Бекир Боздаг, во интервју за турската телевизија НТВ. Боздаг обелодени дека се поднесени обвиненија против 70.000 лица, кои се осомничени за поврзаност со исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД, а кого официјална Анкара...

Турски судија пребегал во Грција и бара азил

Сè поголем е бројот на турски граѓани кои бараат азил во Грција. Грчката полиција уапси 50-годишен турски судија на островот Хиос, кој нелегално влегол во државата со група бегалци и барал азил за да биде заштитен од режимот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Турскиот судија пристигнал на Хиос заедно со чамец со шест бегалци од Сирија, кои патувале од Турција...

Иванов денеска на работна посета во Турција, на покана од Ердоган

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе престојува во Турција на работна посета, на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопштија утрово од кабинетот на Иванов. „Предвидено е претседателот Иванов во Истанбул да оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, а ќе присуствува и на свеченото отворање на третиот мост над Босфор, Јавуз Султан Селим“, стои во соопштението. Посетата на...

Во Турција приведени 136 вработени во судската администрација

Во рамките на истрагата за неуспешниот обид за воен удар, турската полиција денеска приведе 136 вработени во судската администрација во Турција. Полицијата утрово извршила претрес во судските канцеларии и одзела компјутери, а други полициски тимови извршија претрес во домовите на осомничените. Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул издала налог за притворање на 173 вработени во судовите Чаглајан, Бакиркој и Газиосманпаша, од...

Турција: Пилоти кои го соборија рускиот авион уапсени за учество во пучот

Шефот на турската дипломатијата Мевлут Чавушоглу соопшти дека пилотите кои минатата година во ноември го соборија рускиот воен авион во Сирија се уапсени поради учество во обидот за воен удар во Турција, изведен на 15 јули. - Пилотите се приведени заради нивното претпоставено учество во обидот за преврат од 15 јули, а не за инцидентот со соборувањето на авионот,...

Девет уапсени поради напад на хотел во кој бил Ердоган

Турските власти уапсија девет лица кај летувалиштето Мармарис поради сомневање дека се дел од групата што го нападнала хотелот во кој престојувал претседателот Реџеп Таип Ердоган на 15 јули, за време на обидот за воен удар. Неименуван претставник на владата рече дека три лица сè уште се во бегство. За време на пучот, Ердоган бил на одмор во Мармарис. Се верува дека група...

Ердоган го повика народот да го зачува мирот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телевизиско обраќање до нацијата го повика народот да го зачува мирот во земјата.Тој истакна и дека бројот на уапсени воени и цивилни лица по обидот за преврат во Турција изнесува 13.156 луѓе, а меѓу нив 126 се генерали. Турскиот премиер Бинали Јилдерим изјави дека Турција нема намера да ја продолжи вонредната состојба по завршувањето...

Аргентина одбележува 40 години од воениот удар

Неколку илјади лица маршираа во Буенос Аирес во знак на сеќавање на 40-годишнината од воениот удар кој доведе до воспоставување на репресивен режим, одговорен за убивањњето и за исчезнувањето на неколку илјади лица. Демонстрантите се собрале на плоштадот Плаза де Мајо. Годишнината се обележува за време на посетата на американскиот претседател Барак Обама. Неколку групи за заштита на правата тврдат дека...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...