fbpx

Жбогар ќе го наследи Орав

-

Поранешниот шеф на словенечката дипломатија, Самуел Жбогар, најверојатно ќе биде новиот евроамбасадор во Македонија, дознава „Мета“.

Сепак, официјалното назначување на Жбогар, кој во моментов е специјален претставник на ЕУ на Косово, нема да биде пред 15 август, кога Брисел ќе ги соопшти сите евроамбасадори во земјите од Балканот и од поширокиот регион.

Жбогар, кој во својата 22-годишна дипломатска кариера е вклучен во сите дипломатски активности на Словенија, официјално би ја презал амбасадорската функција на 1 септември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...