fbpx

Турската полиција врши претрес во базата на НАТО, Инџирлик

-

Во тек е рација на турската полиција и на обвинителите во Инџирлик, воздушната база на НАТО близу градот Адан, во која се наоѓаат повеќе од 1.500 американски војници, јавуваат „Си-ен-ен Турк“ и агенцијата „Анадолија“.

Оваа база два дена беше затворена, а наводно властите во тој период ја прекинале и струјата поради сомнеж дека одредени учесници во државниот удар против претседателот Реџеп Таип Ердоган, во оваа база наполниле гориво за хеликоптерите од кои подоцна пукале на зградите на државните институции.

Исто така, турските власти се сомневаат дека еден борбен авион „Ф-16“ е киднапиран од базата и дека учествувал во нападот на режимот на Реџеп Таип Ердоган.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...