fbpx

Европски суд за ревизија: Македонија има слабо ефикасна јавна администрација

-

Македонската администрација не е многу ефикасна, оцени Ханс Густаф Весберг, член на Европскиот суд за ревизија, одговарајќи на новинарско прашање за тоа каков е прогресот од програмата на ЕУ за подобрување на јавната администрација во Македонија.

– Треба да се има предвид дека станува збор за процес кој има свои предизвици, особено кога зборуваме за земја со слаба јавна администрација. Откривме дека проектите на ЕУ се спроведуваат добро, но имаме прашања за одржливоста, како и за ефектите што ќе ги имаат на крај – вели Весберг.

Тој рече дека градењето на капацитетите е клучно кога една земја се подготвува за влез во Европската Унија.

– Во последните пет години, ЕУ потроши повеќе од 600 милиони евра на тоа, фокусирајќи се на јавната администрација и на животната средината. На тоа ја фокусиравме нашата ревизија – оцени Весберг, додавајќи дека Европската комисијата треба да се обиде подобро да се концентрира на јасните и очигледни слабости и при имплементација да го користи политичкиот дијалог.

– За да се направи ова, на земјата ѝ треба силна посветеност, многу посилна од таа што ја има денеска и, исто така, да се запомни дека ова е одлична можност да се добие подобра јавна администрација – рече Весберг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...