fbpx

Сугарески: На ВМРО-ДПМНЕ ѝ е важно само да ги вдоми партиските кадри

-

Со повлекувањето и повторното пуштањето на нов закон за формирање на универзитет „Дамјан Груев“, само овој пат со плус три факултети, ВМРО-ДПМНЕ призна дека интерпелацијата за претседателката на комисијата за образование, Олга Најденовска, е основана, рече денеска на прес-конференција Горан Сугарески, координаторот на пратеничката група на СДСМ

– Ова е уште едно големо признание на ВМРО-ДПМНЕ дека работи незаконски. Незаконската работа на ВМРО-ДПМНЕ потроши многу пари на граѓаните за неделовнички седници на Комисијата за образование. Ваквото класично шверцерско носење закон за формирање универзитет по скратена постапка е уште една голема потврда дека на ВМРО-ДПМНЕ најважно ѝ е да ги вдоми своите партиски војници, а воопшто не ѝ е важно образованието во Република Македонија – рече Сугарески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...