Седум лица се уапсени во Пеќ, под обвинение дека сториле кривично дело трговија со луѓе.
По налог на обвинителството, извршена е контрола на едно кафуле во Пеќ, затоа што постоеле сомнежи дека се врши незаконска активност трговија со луѓе и таму била идентификувана една жртва, се наведува во соопштението на полицијата.
Меѓу уапсените е еден жител на Косово, еден државјанин на Албанија и пет Албанки на кои им била изречена мерка притвор во траење од 48 часа.
Полицијата запленила 1.195 евра, седум мобилни телефони и тетратка со податоци.