fbpx

Пратениците денеска ќе расправаат за неколку закони по скратена постапка

-

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска свика уште една седница на која треба да се расправа за шест закони. Подносители на сите закони се координаторите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Илија Димовски и Талат Џафери. Предвидено е за сите предлог-закони да се расправа по скратена постапка. Иницијативата на СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување не е ставена на дневен ред иако од СДСМ тврдат дека уште вчера ја доставиле.

Седницата треба да започне во 14 часот, а пратениците ќе треба да расправаат за:

  1. Предлог на закон за дополнување на Законот за помилување
  2. Предлог на закон за заштита на приватноста, по скратена постапка
  3. Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита на личните податоци
  4. Предлог на закон за изменување на Изборниот законик
  5. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управните спорови
  6. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за општата управна постапка, по скратена постапка

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...