fbpx

„Има Иднина“ побара од Израел да го истражи случајот со Хакеини

-

Граѓанското движење „Има Иднина“ денес официјално доставило барање до Министерството за правда на Израел, да започне истражна постапка за наводите за инволвираност на нивниот граѓанин Хаим Хакеини и фирма од Израел во коруптивен скандал во Македонија.

„Се обраќаме официјално до Министерството за правда, и се повикуваме на членот 291А од Казнениот закон на Израел, според кој се забранува понуда или поткуп на официјални претставници од странски држави со цел да се добие бизнис зделка или остварување на директна предност како резултат, преку поткупот на официјални лица кои може да влијаат на бизнис активноста“, пишува во соопштението на „Има Иднина“.

Од движењето информираат дека во дописот кој го доставиле се наведени и неодамнешните написи во израелските медиуми кои детално информираа и продолжуваат со истражување за коруптивниот скандал кој повеќе од една година ја тресе Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...