fbpx

Уште еден член на Левица повикан на информативен разговор

-

Мариглен Демири, член на президиумот на Левица, денеска е повикан на информативен разговор во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, поради неговото учество во протестите и демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов.

Од Левица информираат дека по тој повод, денеска, во 13 часот, ќе одржат прес-конференција пред ОЈО.

– Потсетуваме и дека по претходните приведувања и апсења, граѓанскиот револт само се зголемуваше. На граѓаните им е совршено јасно дека ваквите апсења се последниот очајнички обид на режимот да го скрши движењето и да се спаси. Граѓаните препознаваат селективна правда и затоа денеска ќе излезат во уште поголем број на протест, за да ја повратат слободата и правдата – велат од Левица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...