fbpx

Масовни апсења во Турција по бомбашкиот напад во Анкара

Tурската полиција изминатото деноноќие уапси околу 145 лица низ целата земја, осомничени дека имаат врски со забранетата Курдска работничка партија (ПКК)

-

Tурската полиција изминатото деноноќие уапси околу 145 лица низ целата земја, осомничени дека имаат врски со забранетата Курдска работничка партија (ПКК), објави Ројтерс.

Ова следува два дена по бомбашкиот напад во Анкара за кој одговорноста ја презеде забранетата милитантна група. Во неделата, двајца напаѓачи активираа бомба во близина на Министерството за внатрешни работи во Анкара, а ранети беа двајца полицајци. Еден напаѓач се разнесе, а другиот беше убиен од полицијата, соопштија претходно локалните власти.

Неколку часа откако ПКК ја презеде одговорноста, Турција изврши воздушни напади врз цели на милитантите во северен Ирак и уапси осомничени во Истанбул.

„466 операции се извршени против разузнавачките единици на курдската милитантна група ПКК низ целата земја“, напиша турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на платформата за социјалната мрежа Х.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...